Центар за управување со промени

Последни новости

Платформа за следење на предизборни ветувања odgovornavlada.mk

Дата: 26.04.2024

Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, кој е поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, ја изработи веб страницата www.odgovornavlada.mk, која во предизборниот период ќе има функција на платформа за следење на предизборни ветувања на политичките партии, додека после формирањето на владата ќе има функција на платформа за следење на реализацијата на ветувањата на Владата согласно официјалната програма за работа на владата.

Платформата во овој момент овозможува преглед на главните ветувањата во 11 одбрани области на следните коалиции/партии:

  • Коалиција „За европска иднина“
  • Коалиција „Твоја Македонија“
  • Коалиција „европски фронт“
  • Политичка партија ЛЕВИЦА
  • Коалиција ВЛЕН

Одговорна Влада има за цел да ги поттикнат граѓаните да ги прочитаат ветувањата кои политичките партии ги пласираат во нивните предизборни програми, така што платформата дава  брз и едноставен преглед на клучните ветувања, и да направат информирана одлука за кого ќе го дадат својот глас.

Одговорна Влада има е платформа која дава јасен преглед за тоа колку партиите имаат конкретни и мерливи ветувања, чија реализација во иднина може да се следи и дали воопшто ветувањата се реални.

Одговорна Влада има за цел има за цел да им помогне на граѓаните, граѓанските организации и медиумите активно да ги следат предизборните парламентарни програми на политичките партии, и што тие им ветуваат на граѓаните.

Одговорна Влада има за цел да ја мери испораката на резултати ветувања од победничката партија за информирање на граѓаните.

Одговорна Влада се стреми да го следи долгорочното работењето и развојот на државата, спроведувањето на владините политики, како и зајакнување на одговорноста од страна на Владата и политичките партии за (не)испорака на ветувања. Ова може да се постигне преку детално и активно следење на работењето на Влада.

Обука за претставници на централни институции - Практики на Обединетото Кралство за подобрување на испораката на резултати од страна на јавната администрација

Дата: 05.03.2024

На 4 и 5 март 2024 година, во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, Центарот за управување со промени (ЦУП), организираше предавање за претставниците на централните институции во врска со испораката на резултати од планираните јавни политики, со акцент на добрите практики од Обединетото Кралство.

Имавме чест овие предавања да ги одржува Стив Бејти, поранешен вработен во единицата за следење на испорака на резултати при Кабинетот на Премиерот на Обединето Кралство, кој сподели вредни и практични искуства и знаења од неговото долгогодишно работно искуство.

Учесниците на обуките ќе можат сите стекнати знаења да ги применат во работењето на институциите и со тоа да ја подобрат испораката на резултати за граѓаните!

Предавањата беа организирани во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку British Embassy Skopje и е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Влада на Република Северна Македонија

Презентација на наоди од извештаи за следење на дискреционите овластувања на јавната администрација

Дата: 05.03.2024

На 4 март 2024 година, во просторите на Public Room во Скопје, пред претставници на јавниот, граѓанскиот и медиумскиот сектор, ги презентиравме наодите од нашите истражува преку кои ја следевме злоупотребата на дискреционите овластувања од страна на јавниот сектор.

Поточно, беа презентирани наодите на следните истражувања:

- Дискреционите овластувања на Општините https://shorturl.at/ajwMO

- Дискреционите овластувања на ДИК https://shorturl.at/hzKT1

Истражувањата покажуваат дека Општините и Државната изборна комисија трошат огромни суми од државниот буџет преку своите дискрециони овластувања.

Односно, истражувањето за дискреционите овластувања на Општините покажа дека општините трошат големи износи од парите на граѓаните по различни основи (спортски, културни, социјални и сл.) на физички и правни лица, без да имаат јасен основ и без никакво образложение. Ова истражување ги опфати општините Центар, Кисела Вода, Карпош и Кичево, а податоците беа анализирани од јавно достапните информации за временски период од 2019 до средината на 2023 година.

Истражувањето за дискреционите овластувања при финансирање на платено политичко рекламирање, покажа дека Државната изборна комисија (ДИК), доделува огромни суми од парите на граѓаните во недоволно уредена постапка согласно Изборниот законик и без таа постапка подобро да ја уреди со сопствен подзаконски акт.

Истражувањата се спроведени во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democrac

Обука за спроведување, мониторинг и евалуација на стратешки планови

Дата: 01.03.2024

Во рамки на серијата обуки за јавната администрација, ЦУП организираше две серии ан дводневни обуки за претставниците на централните институции (министерствата) во врска со процесите за спроведување, следење и евалуација на стартешките планови на институциите. 

Стртешкото планирање е многу важен дел од управувањето со јавниот сектор и поради тоа овој период ЦУП организира обуки за спорведување, мониторинг и евалуација на стратешките планови, за службениците од централните институции (министерствата).

Претставниците од повеќе министерства имаа можност заедно со експертите од областа на управување со стратешки планови и проектни циклуси да разменат мислења и научат нови вештини и техники.

Серијата на обуки за јавната администрација се организира во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку British Embassy Skopje и е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Влада на Република Северна Македонија

Обука за агилно управување со процеси и проектни циклуси

Дата: 21.02.2024

Во рамки на серијата обуки за јавната администрација, на 19 и 20 февруари 2024, Центарот за управување со промени (ЦУП) организираше обука на тема „Агилно управување на проекти“, на која претставниците од централните институции имаа можност да научат повеќе за управувањето со проектите, за тоа знаење да го пренесат во работата во институциите.

Крајната цел е подобра и поефикасна испорака на резултати за граѓаните и управување со процесите во рамки на централните институции.

Серијата на обуки за јавната администрација се организира во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку British Embassy Skopje и е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Влада на Република Северна Македонија

Работилница за Методологија за стратешко планирање

Дата: 28.11.2023

Работилницата за Методологија за стратешко планирање е дел од активностите кои имаат за цел да ги зајакнат документите кои ги уредуваат процесите на стартешко планирање.

Заедно со претставници од централните институции во текот на вчерашниот ден ги разгледувавме добрите пракси на државите од регионот и како позитивните примери може да ги примениме во нашиот национален систем за стратешко планирање.

Овој период заедно со претставници на институциите интензивно работиме на подобрување на документите кои го уредуваат системот на управување со јавните политики во нашата држава, како шо е стратешкото планирање, моделите на следење на јавните политики, координацијата на институциите.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку British Embassy Skopje и е спроведен од Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management во соработка со Влада на Република Северна Македонија

Проекти

Давање на услуги за Координативно тело за недискриминација и последователни активности за вклучување на еднаквоста во политиките на Локално ниво

Проектните активности се фокусирани на Развивање и спроведување на програма за градење капацитети за антидискриминација и должност за еднаквост во јавниот сектор за околу 100 претставници од локалната администрација, со соодветна застапеност на жените и мажите.

Проектните активности вклучуваат:

• Развивање на програма за градење капацитети за обука за антидискриминација и должност за еднаквост во јавниот сектор,

• Подгответе прирачник со модули за обука

•Спроведување на серија на обука за антидискриминација и должност за еднаквост во јавниот сектор за околу 100 претставници од локалната администрација како и подготовка на идните обучувачи за спроведување на обуки.

Период: 01.08.2023 - 30.11.2023

Донатор:
Мисија на ОБСЕ во Скопје

Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација (втора фаза)

Проектот има за цел да го одржи доброто владеење на врвот на политичката агенда. Проектните интервенции се дизајнирани да ја анализираат моменталната состојба на работите во неколку области поврзани со отчетноста како еден од врвните приоритети во агендата на РЈА, како што се: подобрување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции; одговорност за испорака на резултати и подобрување на надзорот на јавноста при спроведувањето на препораките од клучните институции и поголема ефикасност, ефективност и функционалност на институциите. Со оглед на тоа што одговорноста во модерната влада е клучна компонента на демократијата, продолжувањето на проектот ќе го задржи фокусот на принципите на добро владеење обезбедувајќи дека избраните функционери се одговорни за нивните постапки, особено за преземање структурни реформи и градење силна и ефикасна јавна администрација .

Период: 01.07.2023 - 30.06.2025

Донатор:
National Endowment for Democracy (NED)

Социо-економско јакнење на младите жени во Североисточен плански регион во РСМ

Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на бизнис климата во руралните средини на Североисточниот плански регион преку унапредување на јавните услуги на локалната заедница, зајакнување на претприемачките вештини на младите жени и креирање на нови бизниси. Проектот дополнително ќе ги разгледа и можните проблеми и ограничувања со кои се соочуваат младите жени во руралните средини за да се вклучат на пазарот на труд и да остварат поголемо учество во креирање на локалните политики. Во овој контекст ќе се направи анализа и препораки со соодветни предлог мерки и истите ќе ги доставиме до локалните самоуправи во Североисточниот плански регион. Целта е преку поголемо учество на младите жени во формулирање на политиките да се придонесе кон креирање на поволна бизнис клима во руралните региони, која ќе го стимулира развојот на женското социјално претпримеништвото.

Период: 01.06.2023 - 31.12.2023

Донатор:
Европска Унија

Преосмислување на управувањето

Овој проект стреми да ја подобри координацијата и спроведувањето на владините политики, како и зајакнување на одговорноста од страна на институциите и да обезбеди севкупно поефективно функционирање на Владата. Ова може да се постигне преку воспоставени цврсти механизми за развој на политики засновани на докази, дефинирање на клучните индикатори за изведба (KPI) кои ќе се следат под координација на „Центар на Влада“, подобрени протоколи за внатрешна комуникација во рамките на назначената административна мрежа и ефективен систем на делегирање и одговорности. Еднакво важно е дека подоброто разбирање и свесност на граѓаните, медиумите и граѓанските организации за принципите на добро владеење ќе го зголеми притисокот врз владата да испорача поефективни политики со подобри резултати за граѓаните.

Конечно, подобреното владеење ќе ја зголеми отчетноста и транспарентноста на институциите и политичарите кон граѓаните на долг рок, со што ќе се ограничат можностите за корупција, политичко влијание и клиентелизам.

Затоа, општата цел на проектот е да создаде ефективни стандарди за управување и да го олесни процесот на синхронизирано планирање и спроведување на политиките засновани на докази.

Период: 15.12.2022 - 31.03.2025

Донатор:
Британска Амбасада во Скопје

Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација

Проектот „Поттикнување на добро управување и  реформи во јавната администрација“ има цел да го стави доброто владеење на врвот на политичката агенда со вклучување на мерки за добро владеење во сите стратешки политики на Владата. Интервенцијата е дизајнирана да ги анализира постоечките проблеми поврзани со ефикасноста на јавната администрација, со цел да се развијат препораки и нови мерки за подобрување на управувањето во институциите. Предложените активности поддржуваат консултации со пошироки групи во општеството за дизајнирање на добро обмислени структурни реформи и силна национална визија за демократско општество. Проектот ги следи реформите на ЈА согласно стандардите за добро управување, како и квалитетот на работата на институциите. Целта е преку спроведувањето на проектините активности да се поттикне активна јавна дебата и предизвикување притисок за подобро управување и раководење во администрацијата и креирање на пофункционални јавни институции кои ќе ги пресретнуваат потребите на граѓаните.

Период: 01.07.2022 - 30.06.2023

Донатор:
National Endowment for Democracy

Програма за зајакнување на капацитетите на службениците и службеничките од јавниот сектор за принципот на еднаквост

Програмата за зајакнување на капацитетите на службениците и службеничките од јавниот сектор се подржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II“. Програмата се креира со цел на градење капацитети за недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор за 200 претставници од државната администрација, со соодветна застапеност на жени и мажи и на заедниците.

Програмата за градење на капацитети на администрацијата ја поддржува работата на Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика за градење на култура и капацитети на администрацијата за промовирање на принципите на еднаквост, недискриминација и прифаќање на различностите во јавниот сектор и пошироко во општеството. Програмата е финансиски поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а развиена и спроведена од Центарот за управување со промени. Програмата се стреми кон подигање на свест и градење на капацитети на вработените во јавниот сектор за справување со дискриминацијата и постигнување на повисоко ниво на еднаквост.

Период: 15.05.2022 - 15.11.2022

Донатор:
ОБСЕ

Подобрување на организациската структура на Патронажната Служба

Програмат на УНИЦЕФ во РСМ во периодот 2020-2025 се фокусира на политики релевантни на децата, примарно здравствени, социјална заштита и образование. Предложената соработка се вбројува во очекуваните резултати повразни со здравство. УНИЦЕФ детектираше дека  „во здравствениот секотр“ има недоволен акцент врз превентивната и примарната грижа и владата главно се фокусираше на градење болници, набавување на скапа опрема и имаше бенефит од  неправилни набавки. Придонесот на ЦУП ќе опфати aспекти поврзани со институционална организација и развој, развој на човечкиот капитал, поточно систематизација на работни позиции, опис на работни позиции и копетенции (општи и професионални) како и менаџмент на перформансите и проценки. Подобрено функционирање на Патронажната служба како дел од здравствениот сектор, значајно и индиректно ќе придонесе кон благосостојбата на децата во државта.  

Период: 01.11.2021 - 01.06.2022

Донатор:
УНИЦЕФ

Дигитализација на услуги во образовниот сектор

Фокусот на овој проект ќе биде дополнително дигитализирање на услугите во образовниот сектор, кои често се користат и можат да имаат поголемо влијание и за корисниците и за МОН како давател на услуги. Проектот ќе опфати целосна дигитализација на овие услуги (достигнување на трансакциско ниво според одредниците на ЕУ), обезбедувајќи поддршка во реорганизирање на внатрешните процеси во МОН за овие услуги, градење на капацитети на администрацијата во МОН за администрирање на услугите и дизајнирање и испорака на промотивна кампања за мотивирање на релевантните групи на корисници  на е-услугите.

Период: 01.10.2021 - 31.03.2022

Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџети

Главната цел на проектот ќе биде да се зајакнат капацитетите на административните службеници за вклучување на родовата перспектива во креирањето на политиките и буџетите преку користењето на алатките за Родово Одговорното Буџетирање (РОБ). Подетално, целта на овој сет на услуги ќе биде да се обучат клучните административни службеници за примената на РОБ алатките во специфичните секторски анализи на програмите и буџетите, развивање на родови индикатори и следење и оценување на ефектите од родово одговорните политики и буџети во целокупниот општествен контекст. Главниот пристап на проектот е трансформативно креирање на политики и финансирање како овозможувачки фактор за имплементирањето на постоечките национални и меѓународни заложби за родова еднаквост и зајакнување на жените.

Период: 16.09.2021 - 30.06.2023

Донатор:
UN Women

Поддршка на реформи за управување во Министерството за одбрана на Северна Македонија

Крајниот резултат на проектот ќе биде подобрување на ефективноста и ефикасноста на МО преку функционално управување со јавните набавки. Среднорочно и долгорочно, развиениот е-систем за управување со јавни набавки треба да овозможи навремено планирање и подготовка на набавки и успешна имплементација на тендерските постапки со стандардизирани документи, притоа минимизирајќи го ризикот од корупција и судир на интереси. Вистинскиот процес за јавни набавки го презема Бирото за јавни набавки, така што овој проект ќе го подобри планирањето и координацијата на набавките.

Период: 15.09.2021 - 31.03.2022

Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19

Проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по КОВИД-19“ е насочен кон развој на женското претприемништво и спроведување на активности, изнаоѓање решенија и нудење предлог мерки за ревидирање на постоечките владини програми кои што се насочени кон деловниот сектор, со цел да се олеснат економските последици кои произлегоа од кризата COVID-19, со посебен фокус на поддршка на женското претприемништво.

Проектот се спроведува во три општини (Скопје, Охрид и Битола) од јули 2021 година и ќе трае до октомври 2022 година.

Главната цел на проектот е да се идентификуваат последиците и предизвиците со кои се соочиле жените претприемачки во услови на Ковид и да се обезбеди целосна поддршка во надминување на овие последици, унапредување на постоечките бизнис практики, воведување на нова технологија и дигитализација на процесите и политиките на управување. Идејата е да се обезбедат долгорочни решенија за раст и развој на женските бизниси и да се пренесат добри практики кај oстанатите бизниси погодени од Ковид кризата. За таа цел, ќе се работи со идентификувани 9 претпријатија во сопственост на жени, преку процес на осум месечно менторство од страна на експерти од повеќе области. 

Период: 15.07.2021 - 15.10.2022

Донатор:
The Balkan Trust for Democracy

Борба против дискриминацијата преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Градење на силна и професионална Комисија, која ќе биде поддржана од силна и професионална стручна служба. Предуслов за ефективно делување на КСЗД не е само Законот за спречување и заштита од дискриминација, туку и функционирање на службата што обезбедува основна поддршка за работата на членовите. Активностите предвидени во првата година од проектот ќе придонесат за воспоставување соодветна организациска структура заснована на функционална анализа, развој на детални описи на работни места со јасно дефинирани цели и задачи, но исто така и неопходни основни и специфични компетенции, развој на јасни, прецизни и ефикасни работни процедури во врска со случаи на дискриминација, градење систем за собирање и анализа на податоци од областа на дискриминација, како и утврдување на алатките и механизмите преку кои ќе се споделуваат информации со јавноста и јавната свест во областа зајакнати. Активностите поврзани со градење и зајакнување на капацитетите на членовите на КСЗД и вработените во стручната служба, се предвидени во втората година од спроведувањето на проектот, ќе овозможат независна работа на институцијата со цел да се заштитат правата и слободите на граѓаните и ќе дадат активен придонес за градење еднакви можности и пристап до ресурси за сите.

Период: 01.06.2021 - 31.03.2023

Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Поддршка на мисијата на СИГМА за годишна оценка за напредокот на јавната администрација

Центарот за управување со промени ја подржувa мисијата на СИГМА за годишна оценка на напредокот на јавната администрација во Република Севрна Македонија за 2021 година, преку обезбедување на локална експертиза и логистика на персоналот и меѓународните експерти ангажирани од СИГМА. Активностите вклучуваа поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација во организација и координација на состаноци со релевантните институции, обезбедување на релевантни документи, преглед и анализа на доставената документација од институциите и поддршка на подготовката на извештајот на СИГМА.

Период: 15.03.2021 - 30.06.2021

Донатор:
СИГМА- ОЕЦД

Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичкото минато во современ Западен Балкан

Проектот Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современ Западен Балкан е проект финансиран од Програмата Европа за граѓаните, Европско сеќавање.

Вклучува студенти, практичари и академици од Албанија, Македонија, Франција и Италија и има за цел да го поттикне националниот и транснационалниот младински активистички дијалог за одразот на минатите комунистички режими во современиот Западен Балкан (ЗБ).

Активностите на проектот предвидуваат различни тематски 4 работилници во 4 различни земји кои се занимаваат со темите што го рефлектираат минатиот комунистички режим (како што се правила, норми, права, практики и обичаи); националните идентитети и колективната меморија во проширената Европа; политичката култура и социјалните промени во посткомунистичката транзиција, завршувајќи со конференцијата што ќе се фокусира на посткомунизмот и демократијата во ЗБ.

Проектот е партнерство помеѓу Центарот за компаративни и меѓународни студии CCIS; Mesdheu Center (MC) Qendra SHKENCE DHE INOVACION PER ZHVILLIM (SCiDEV) (од Албанија); Центар за управување со промени (од Северна Македонија); Patrimoine sans Frontières (PSF) (Франција) и PERIPLI -Culture e Società Euromediterranee (Италија)

 

Период: 01.02.2021 - 01.07.2022

Донатор:
Програмата Европа за граѓаните

Институционален грант од програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Институционалниот грант е поддржан од страна на програмата Цивика мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), претставена од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија. Грантот му овозможува на ЦУП да спроведе активности за институционален развој и организациско јакнење.

Период: 01.07.2019 - 30.06.2022

Донатор:
Цивика мобилитас - Швајцарска агенција за развој и соработка

Програма за парламентарна поддршка

Програмата за парламентарна поддршка, дава поддршка на Собранието на Република Северна Македонија во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.

Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ), Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.

Период: 01.07.2018 - 31.12.2029

Донатор:
Швајцарска агенција за развој и соработка

Публикации

Истражувања во нашиот фокус

Нашата цел како организација е да придонесеме кон промени во општеството преку подобри јавни политики. Разгледајте ги истражувањата низ нашите објавени публикации.

Повеќе за нашите публикации keyboard_arrow_right

Каталог на услуги

Управување со податоци

Управување со квалитет

ЕУ интеграции

Mеки вештини

Проектен менаџмент

Организациски вештини

Јавна администрација

Родова еднаквост и недискриминација

Иницијативи

Ниту еден предизвик не е доволно голем доколку постои заедничка иницијатива

Поднеси и поддржи иницијативи keyboard_arrow_right

Центар за управување со промени

За нас

Здружението за развој Центар за управување со промени е непрофитна, невладина организација која промовира разбирање и ненасилни промени во општеството. Организацијата се фокусира на меки мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати. Организацијата верува дека зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро - интеграцијата и инвестирањето во луѓето се главни агенти за промена во општеството.

Повеќе за нас keyboard_arrow_right

Наши платформи

Платформа за следење на предизборни ветувања - odgovornavlada.mk

Портал за женско претприемништво - womenpoweron.mk

Национален портал за отворени податоци - data.gov.mk

Веб портал за следење на резултатите во добро управување на општините - оpstina.mk

Веб портал за поврзување на МСП со мулти-национални компании - kompanii.mk

Веб портал за истражувачки стории - istrazi-fakti.org.mk

Веб портал за оценка на јавните услуги - javni-uslugi.mk

embed google maps
terms and conditions sample

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk