Повици | ЦУП

Повици

Сподели

Покана за доставување понуди за набавка на алатка за засилено влијание на граѓаните врз носителите на одлуки

schedule Дата на објава: 16.07.2020

alarm Краен рок на повикот: 24.07.2020

Центарот за управување со промени, во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од програмата ЦИВИКА Мобилитас, има потреба од набавка на алатка за засилено влијание на граѓаните врз носителите на одлуки.

Повик за приклучување на онлајн платформа

schedule Дата на објава: 16.07.2020

alarm Краен рок на повикот: 30.07.2020

Центарот за управување со промени во рамките на "Проектот за развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област" објавува јавен повик до сите жени претрприемачки од Северна Македонија, да се пријават за да станат дел од онлајн продавницата  www.womenpoweron.com.

 

За набавка на услуги за дизајн, подготовка и печатење на материјали

schedule Дата на објава: 14.07.2020

alarm Краен рок на повикот: 27.07.2020

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за дизајн, подготовка и печатење.  

Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во техничката спецификација, која е дел од овој повик.    

Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)

Потребно е да се испорачаат услугите по барање на нарачателот, а најдоцна до декември 2020 година.

ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.

Набавката е неделива.

 

Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи:

 

  • Листа со референци на претходни слични ангажмани (со име на проект, организација, линкови до интернет страници...),
  • Претходно изработено идејно решение и дизајн за корица на публикација,
  • Предлог по 1 (едно) идејно решенија/ дизајн за папка (само за папка од комплетот наведен во ставка бр. 6) и публикација (предлог решенијата за публикација да бидат за ставка бр. 4- Документ за политики за подобрување на образовните јавни услуги),
  • Финансиска понуда 

 

 

Повторен повик за избор на шест производи за маркетинг кампања

schedule Дата на објава: 24.06.2020

alarm Краен рок на повикот: 01.07.2020

Продолжен повикот за избор на 6 производи на жени претприемнички во рамки на проектот  „Развој на микро-претрпијатија на жени во прекуграничната област“!

На повикот може да се пријават жени со регистриран бизнис од Полошкиот и Охридско-Струшкиот регион.

Рокот за поднесување на апликацијата е до 01.07.2020год.

П О В И К за избор на шест производи за маркетинг кампања

schedule Дата на објава: 09.06.2020

alarm Краен рок на повикот: 15.06.2020

Во рамките на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во преку-граничната област”, на ден 09.05.2020 година е објавен повик за избор на шест производи од регионите Полог и Елбасан за кои е предвидено спроведување на маркетинг кампања во прекуграничниот регион и регионално. Повикот е отворен и може да учествуваат сите претпријатија во сопственост на жени од регионите Полог и Елбасан.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk