Повик за доделување грантови во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ | ЦУП
Сподели

Повик за доделување грантови во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“

schedule Дата: 05.05.2017 година

Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје, во соработка со Асоцијација за Менаџмент Консалтинг 2000 (МКА-2000) и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија (СКУП-Македонија) го имплементира проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015“.

Проектот се фокусира на воспоставување на мониторинг стандарди за добро управување на локално ниво според СИГМА принципите на јавна администрација, и следење на единиците на локалната самоуправа според утврдените стандарди за добро управување, притоа зголемувајќи го учеството на граѓанските организации во креирањето и следење на јавните политики на локално ниво, влијаејќи на подобрување на работата на локалните самоуправи.

Во рамките на проектот, се објавува повик за доделување грантови на граѓански организации за реализација на проектните активности.

Ќе бидат доделени 14 мали грантови во максимален износ од 5.000,00 евра во денарска противвредност по грант.

Грантовите ќе бидат доделени на граѓански организации исклучиво од региони надвор од Скопскиот (Битола, Струмица, Штип, Куманово, Велес, Тетово и Струга).

Апликацијата треба да ги содржи следните документи:

Апликациите треба да бидат поднесени преку електронска пошта на: info@cup.org.mk; cc: ivana.kjurkchieva@cup.org.mk, или во архивата на Центарот за управување со промени на следната адреса: Рајко Жинзифов 44-1, најдоцна до 29.05.2017 година, до 16:00 часот. Насловот на електронската пошта треба да биде назначен со: Апликација_ГГВ (Име на организација).


file_copy Документација за повикот


ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk