Oбука за креирање, анализа и евалуација на политики, наменета за претставници од секторите на Министерство за образование и наука

Дата: 30.05.2019

 На 29-ти и 30-ти мај 2019 година, организиравме обука за креирање, анализа и евалуација на политики, наменета за претставници од секторите на Министерство за образование и наука.

Обуката се реализира во рамки на проектот „Поддршка при креирање политики врз основа на докази во секторот образование“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од UNICEF MKпреку Центарот за управување со промени.

Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаење и вештини за ефективно планирање во процесот на креирање јавни политики, подобрување на вештините за креирање на политики (креирање на визија за промени, анализа темелена на докази, дефинирање на сценарија, донесување на одлуки, управување со ризици и оценка на политиките) и подобрување на ефективноста во работењето преку употреба на алатки за креирањето политики и акции низ објективен избор, јасна комуникација и објективност во имплементацијата на решенија.

Програмата се темели на искуствата на една од најреномираните институции за развој на капацитети на јавна администрација - Националната школа на Владата на Велика Британија.

Во наредниот период ќе реализираме обуки за Министерството за образование и наука во насока на унапредување на аналитичките вештини преку користење податоци.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk