Работилница за партиципативно буџетирање во Општина Ѓорче Петров

Дата: 30.05.2018

Работилница за партиципативно буџетирање на локално ниво  се одржа вчера во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Општина Ѓорче Петров, во рамки на проектот “Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија” спроведуван од мрежата ФИСКАСТ. На работилницата активно учество земаа градоначалникот Александар Наумоски, општинската администрација, социјални центри, претставници на училишта и на граѓанскиот сектор. Севкупната цел на проектот е да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари. На работилницата беа дискутирани буџетските процеси, граѓанското учество во  креирањето политики на локално ниво, обврските и правата на општината и на граѓаните, партиципативното буџетирање и процесите на мониторинг и евалуација.  #fiscastnetwork

Проектот е финансиран од УСАИД.

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk