Завршна конференција на проектот „Граѓанинот на прво место“

Дата: 18.05.2017

На 18 Март 2017 година (четврток), во хотелот Холидеј Ин, „Центарот за управување со промени – ЦУП” во партнерство со „Центарот за одржлив развој АЛКА” одржа завршна конференција на проектот „Граѓанинот на прво место”, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британска амбасада Скопје.

Презентација на резултатите на проектот „Граѓанинот на прво место“

Дата: 12.05.2017

ЦУП одржа презентација на резултатите на проектот „Граѓанинот на прво место“ пред вработените од општина Битола. Според „Барометарот на веб транспарентност", веб страницата на општина Битола моментално најтранспарентно ги прикажува податоците во Република Македонија. Прочитајте повеќе овде

Презентација за транспарентноста на веб страниците на општините и информациите кои граѓаните најмногу сакаат да ги добијат од општините

Дата: 09.05.2017

Денес, 09.05.2017, пред вработените во Општина Струмица, ЦУП одржа презентација за транспарентноста на веб страниците на општините и информациите кои граѓаните најмногу сакаат да ги добијат од општините.

Неколку препораки од ЦУП до општините:

Граѓаните најмногу ги интересираат информации од областа на образованието, финансиите и социјалната заштита

Дата: 27.04.2017

На 27.04.2017, ЦУП ја одржа петтата презентација на наоди од истражувањата, кои се однесуваат на тоа колку локалните самоуправи транспарентно ги објавуваат информациите на своите веб страници, како и за тоа кои информации граѓаните би сакале да ги објавуваат локалните самоуправи. Наодите од истражувањето беа презентирани пред вработените од локалната самоуправа во Штип.

Колку се заработува во јавниот сектор?

Дата: 05.04.2017

Во периодот 2005-2015 година се бележи општ пораст на платите во Република Македонија во сите сектори.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk