Покана за доставување понуди за набавка на четири правни асистенти

Дата: 05.04.2018 година

       1. Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испораката на јавни услуги“ кој е финансиран од Европската Унија, има потреба од набавка на четири (4) правни асистенти.

      2.Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)

Потребно е да се испорачаат услугите во периодот од април до октомври 2018 година.

ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.

3. Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи:

Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:

Р. бр.

Услуга

Цена без ДДВ (во МКД)

  1.  

Анализа на законите кои ја уредуваат испораката на јавните услуги, кои се предмет на овој проект, со идентификувани проблеми и препораки за нивно надминување и внесување на податоци во Каталог на услуги на МИОА.

 

Тотал

*(види забелешка)

Изборот на добавувачите ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.

Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши и избор на понуда е следната:

Квалитативна евалуација

Максимум можни бодови

Образование

20

Работно искуство од најмалку 2 години

40

Вкупно

60

Финансиска евалуација

Максимум можни бодови

Вкупно бодови за финансиска евалуација

40

Финална евалуација

 

Просечна оценка за квалитативна евалуација

60

Просечна оценка за финансиска евалуација

40

Вкупна оценка

100

5. Услови и начин на плаќање

Плаќање: по испорачана услуга и врз основа на договор.

6. Набавката е делива.

7. Начин на доставување на понудите

Понудите треба да се испратат на мејлот info@cup.org.mk и на Iskra.belceva@cup.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 17 април 2018 година до 12 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на ЦУП, info@cup.org.mk и на iskra.belcheva@cup.org.mk најдоцна до 13 април 2018 година.

Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена. Во случај кога понудувачот е одбран, истиот се обврзува да ги задржи понудените цени за времетраењето на кое се однесува предметната набавка.


Документација за повикот


ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk