Услуги | ЦУП

Услуги

Обуки, консултации и советување

Сподели

Зошто да го одберете ЦУП?

ЦУП нуди обуки, скроени работилници, консултации, советување наменети за владата, државните институции, деловниот сектор и сите организации/институции кои сакаат да воведат одредени структурни реформи и позитивни промени во своето работење и во поширокото опкружување.

Обуки

Обуките кои ги предлагаме се засноваат на методологија која носи најсоодветни ефекти за совладување на знаењето во накраток рок затоа што е базирана на научно потврден пристап на учење кај возрасните. Овој пристап се базира на партиципативно учење и е фокусиран на размена на искуства и нивна примена во практика. Истовремено за време на обуките креираме пријатна атмосфера за работа, почит кон сите учесници и безбедна околина за учење.

За секоја од обуките учесниците ќе добијат соодветни наставни материјали кои претставуваат поддршка на учењето, а потоа и поддршка на негова примена во секојдневната пракса. Овие материјали ги опфаќаат теоретски концепти кои се дел од обуките, студии на случај и практични примери.

Обезбедуваме сертификати за сите учесници кој активно ги завршиле обуките.

Работилници

Работилниците се скроени врз онова на потребите на организациите/институциите и нивната вредност се состои во тоа што добивате јасно дефинирани контури на одреден процес – пр. стратешки план, работни процедури, анализа на одредена политика итн.
Програмата на работилницата ја креираме заеднички да одговори точно на вашите потреби. Тоа значи дека работиме на реални ситуации кои не водат до одреден производ, а процесот на учење и размена на мислења е структуиран, релевантен и ефективен.
Работилниците овозможуваат креирање на култура на учење, иновации и меѓусекторска/меѓуинституционална соработка, неопходна за солидно функционирање и остварување на резултати.

Работилниците можеме да ги испорачаме директно во вашите простории.

Консултации и советување

ЦУП обезбедува широк опсег на советодавни услуги и консултации во следните области:

Советодавните услуги и конслутации се прилагодени на потребите на организациите/институциите. Разбираме дека пристапот one-size-fits-all може да не е најсоодветното решение и ги градиме нашите програми во согласност со специфичните состојби, проблеми и предизвици со кои се соочуваат организациите/институциите. Заеднички бараме решенија и градиме стратегии за нивно надминување врз основа на постојните можности.

Конечно нудиме водство во процесот, ентузијазам и практична поддршка (hands-on) во она што на организациите/институциите им е потребно како готов производ.

ЦУП редовно применува мерки за да обезбеди висок квалитет во работењето преку обезбедување на соодветен профил на обучувачи и консултанти. Искуствата кои ги пренесуваме се темелат на најдобрите практики на замјите членки на ЕУ, во комбинација со локалното искуство и знаење кое го поседуваме во односните области.

Обучувачите и конслутантите се обучени од реномирани консутантски куќи како Public Administration International (PAI), National School of Government (NSG), Westminster Training LTD, Chartered Institute of Personnel and Development (CIPD), INTRAC, Oxford, NI-CO од Велика Британија и Северна Ирска, European Institute for Public Administration (EIPA), Management for Development Cooperation (MDF) Холандија, Mansell, Универзитет Гент од Белгија, Potsdam Centrum fur Politik und Management од Германија, The Hague Academy for Local Governance од Холандија, Совет на Европа, Rankin and Associates и Tunis and Associates од Канада.

Обуките, консултациите и советувањата се достапни на македонски и англиски јазик.

Категории на обуки и консултации

Управување со податоци

Управување со квалитет

ЕУ интеграции

Mеки вештини

Проектен менаџмент

Организациски вештини

Јавна администрација

Родова еднаквост и недискриминација

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk