Metodologjia për zbatimin e analizës funksionale në institucionet e sektorit publik | ЦУП
Сподели

Metodologjia për zbatimin e analizës funksionale në institucionet e sektorit publik

година: 2018

Целта на процесот на спроведување на функционална анализа е да ги индетификува предизвиците од организациски и функционален аспект во институцијата во која се спроведува, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на актуелните надлежности и задачи на институцијата , но и оние кои се предвидуваат со стратешките документи и да се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите и задачите на институцијата, насочени кон остварување на очекуваните резултати. Функционалната анализа има за цел да даде реална и целосна слика на подготвеноста на институцијата на краток и среден рок да ги спроведе неопходните подобрувања за подобро вршење на нејзините основни функции. Спроведениот процес треба да биде преточен во документ кој ќе даде осврт на ефикасноста и ефективноста на извршувањето на работите и работните задачи во рамки на внатрешната поставеност, како и за дистрибуцијата на расположливите ресурси (кадровски, просторни, ИТ, технички и др.), од кои најзначаен секако е човечкиот капитал. Имено, наодите и препораките од ФА претставуваат солидна основа за редефинирање на приоритетите, редизајнирање на 8 Вовед структурата и насочување на административниот капацитет кон остварување на подобри резултати.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk