Управување со промени и компетенции | ЦУП
Сподели

Управување со промени и компетенции

година: 2016

Воведувањето на Рамката за општи компетенции овозможува да се воспостави систем во кој соодветните луѓе се поставуваат на соодветни работни места. Таа истовремено овозможува развивање систем на управување со човечки ресурси,темелен врз принципот на заслуги бидејќи стандардите по кои кандидатите и вработените се вреднуваат (независно дали во процесот на селекција или при оценката на учинокот) се транспарентни и конзистентни за сите. Оттука, Рамката за општи компетенции се применува во сите фази од процесот на управување со човечки ресурси, интегрирајќи ги во единствен и кохерентен систем. Компетенциите (општи и посебни) како посебен услов за секое работно место треба да бидат содржани во описот на работното место. Кандидатите за работните места треба да бидат селектирани така што во текот на спроведување на интервјуто преку индикатори ќе се утврди нивото на поседување на општите и на посебните компетенции. Оценувањето на учинокот базирано на докази, треба да се прави земајќи го во предвид она што вработениот го постигнал (работните цели и задачи) и како тоа го остварил (поседувањето на општите и на посебните компетенции). Индивидуалниот план за стручно усовршување се креира врз основа на изразените и согледаните потреби за подобрување на општите и на посебните компетенции, потребни за работното место. Управување со промени и компетенции. Унапредувањето треба да биде базирано врз исполнување на критериуми за работа на повисоко ниво, за кое е потребно и повисоко ниво на компетенции (како што е дефинирано во описот на работното место, усогласен со Рамката за општи компетенции). Применливоста на Рамката за општи компетенции во ефективното спроведување на низа на процеси поврзани со управувањето со човечките ресурси покажува колку истата е значајна за успешна реформа на јавната администрација. Одговорност за имплементација на Рамката за општите компетенции во институциите имаат раководните лица на институциите, раководните административни службеници и особено раководителите на организационите единици за управување со човечки ресурси. Оваа брошура нуди упатства за тоа што треба да се направи (целите) и како треба да се пристапи кон процесот (управување со промени).

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk