Намалување на јазот меѓу мултинационалните компании и малите и средни претпријатија во Македонија

Проектот ќе ја подобри соработката, вмрежувањето и развиеноста на системот за размена на стоки и услуги меѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании, што е во согласност со клучните реформи на конкурентноста во нашата држава. Проектните активности ќе се фокусираат на четири сектори кои се конкретно одредени како различни чекори кон постигнувањето на таа цел.

Период 01.12.2017 - 30.11.2019

Донатор: Проектот е финансиран од ЕУ

Краен корисник на проектот: Домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании кои работат во Македонија

Главна цел:

Главната цел на проектот е да се воспостават и/или подобрат врските меѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании кои работат во Македонија, што ќе доведе и до зголемување на конкурентноста на домашниот бизнис сектор.

Очекувани резултати:

  • Идентификувани бариери во текот и размената на стоки и услуги помеѓу домашните и мултинационалните компании и утврдување нови можности во синџирот на снабдување и додадена вредност.
  • Зајакнати капацитети на МСП-ја во дел на градење вештини за продажба, идентификување на можностите, градење мрежи и подобрување на ефикасноста во работата.
  • Намалување на технолошкиот јаз помеѓу домашните и странските компании и изградба на професионални стандарди, обезбедување лиценци, зголемување на иновациите и капацитетот за истражување и развој, како и примена на нови технологии
  • Воспоставени и надградени партнерства помеѓу домашните и мултинационалните компании кои работата во нашата земја

 



ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk