Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување

Проектот се фокусира на поставување на мониторинг индикатори за добро управување на локално ниво, со усвојување на упатсвата на Европската Унија, поточно СИГМА стандардите. Ќе биде воспоставена нова рамка на стандарди и индикатори за мониторинг на локално  ниво, која понатаму ќе биде користена за следење на работата на Локалните самоуправи. 

Период 01.01.2017 - 31.12.2018

Донатор: Делегација на ЕУ преку ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015”

Краен корисник на проектот: Граѓански организации и единици на локална самоуправа

Главна цел:

Поставување на функционална мрежа на граѓански организации во неколку региони во Македонија која ќе послужи во процесот на мониторинг и евалуација на локалните самоуправи на еден стандардизиран начин што ќе има посилен ефект врз администрацијата на локалните самоуправи, а и на политиките на централно и национално ниво. Локалните самоуправи да имаат единствена листа на стандарди за повеќе области кои ќе ги следат заради обезбедување на подобри услуги кон граѓаните, поголема транспарентност и ефикасност во управувањето.

Очекувани резултати:

  • Р.1. Добро поставени и усогласени СИГМА принципи на јавната администрација и индикаторите за мерење за добро управување (на локално ниво).
  • Р.2. Локалните ГО се компетентни во областа за добро управување и примена на СИГМА принципите за јавна администрација на национално и на локално ниво, способни да учествуваат во дијалогот за креирање политики како и во мониторирање на истите.
  • Р.3. Мониторинг извештаи за имплементација на утврдените СИГМА принципи на јавна администрација, изготвени врз основа на темелно истражување политики, базирано на докази.
  • Р.4. Граѓанските организации се оспособени да комуницираат, да соработуваат и да застапуваат/влијаат на оние кои што носат одлуки за да полесно ги идентификуваат грешките при воведувањето на моделот за добро управување од страна на Локалните самоуправи, залагајќи се за транспарентнa, одговорна и сервисно ориентирана јавна администрација.

Проектот е финансиран од Европската Унија.



ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk