Следење на административната правда

Проектот го следи и набљудува спроведувањето на законските одредби за ефикасна и професионална државна и јавна администрација. Следењето во глобала ги опфаќа процедурите и постапките за вработување и вклучува селективност во пристапот, политички влијанија, оценувањето на вработените, како и можностите за напредување и професионален развој и многу други системи и состојби кои се важни за работењето. На институционално ниво, се набљудува обемот и ефикасноста на државната администрација како и нејзината крајна цел да одговори на потребите на граѓаните со соодветни услуги. Се нудат решенија и препораки за надминување на проблемите кои биле идентификувани.

Период 01.08.2016 - 31.03.2018

Донатор: Британска амбасада

Краен корисник на проектот: Национални и локални институции, вработени во администрацијата и граѓани

Главна цел:

Проектот ќе отвори една поширока јавна дебата, ќе ја подигне свесноста за значењето на ефикасноста и ефективноста на државната и јавната администрација во служба на граѓаните и ќе придонесе за воспоставување подобри и поефикасни практики во државната и јавната администрација.

Очекувани резултати:

  • Утврдување на реалните состојби во администрацијата и идентификување на критичните точки за поефикасно и поефективно работење;
  • Следење на утврдените состојби и разгледување во однос на различни системи за ефикасност како вработување, изведување на работата, напредување и кариерен развој, мобилност итн.;
  • Донесување соодветни препораки и решенија – нови предлог мерки, нови процедури, соодветни протоколи за работа, одлуки или правилници кои ќе ја унапредат работата на државната и јавната администрација.

Проектот е поддржан од Британска амбасада Скопје



Галерија на проектот

Конференција - Ефикасност на државната и јавната администрација

Видео

Ставовите и мислењата на граѓаните за јавната администрација се најважни

Државната и јавната администрација треба да биде сервис на граѓаните и на бизнис секторот. Гордана Стефковска Вељановска проектен менаџер на проектот Административна правда објаснува каква е состојвата во Македонија по ова прашање. 

Изјава за медиумите: Ефикасност на државната и јавната администрација

На 29-ти март во хотел Александар Палас се одржа националната средба на тема: Ефикасност на државната и јавната администрација – со работен наслов – вработувањата во администрацијата.

Во рамките на настанот беа презентирани два извештаи, од кои едниот се однесува на обемот на администрацијата, анализиран од различни аспекти. Вториот извештај се однесува на перцепциите и мислењата на граѓаните во однос на големината и ефикасноста на државната и јавната администрација и е добиен со теренско истражување на репрезентативен примерок.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk