Родово одговорни анализи за успех на политиките од родов аспект

Дата: 21.09.2017

Во организација на UN WOMEN, Клубот на жени парламентарки и Македонско женско лоби, на 20 и 21 Септември се одржа работилница насловена “Градење мостови за разбирање.

Работилницата ја водеше Извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска.

Таа ја посочи важноста од воведување на родовaта димензија во надзорната расправа на Собранието за одредени политики, закони, програми и буџети.

Воведување на родово одговорни анализи, употребата на аргументи и докази во изборот на мерки и акции кои произлегуваат од законските одредби мора да бидат проследени со родово-разделените статистички податоци и индикатори кои ќе ги мерат промените и успехот на политиките и од родов аспект“, истакна Малеска.

Серијата работилници со Клубот на жени парламентарки ќе продолжат и во иднина.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk