Втор модул за стратешка отчетност

Дата: 19.04.2019

Од 16 до 18 април во Скопје се одржа вториот модул за стратешка отчетност, како продолжение на работилницата која се спроведе во февруари 2019 година.

Целта на овој модул, и воедно на работилницата, беше да се пренесе знаење и практични аспекти за секторското планирање и секторската отчетност, како основа за развој на подобри и посеопфатни политики, и подобро следење на имплементацијата на политиките.

Предавач на работилницата беше канадскиот експерт, г-дин Тед Тунис, кој има долгогодишно искуство во оваа област. Учесници на работилницата беа претставници од Министерство за информатичко општество и администрацијаМинистерство за образование и наукаМинистерство за труд и социјална политика и Секретаријатот за европски прашања, но и од институциите кои се опфатени во нивните сектори.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „Носење промени – добро управување и ефективност на јавната администрација“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk