Работна посета на Агенцијата за информатички системи на Естонија

Дата: 29.03.2019

Естонија е држава во која 99% од јавните услуги се даваат електронски, 44% од граѓаните гласале електронски на последните избори и во која има најмногу стартап бизниси по жител во Европа.

Токму затоа, од 27 - 29.03.2019 се реализира работна посета на Агенцијата за информатички системи на Естонија и други релевантни институции со цел да научиме од естонските искуства во воспоставувањето на електронските системи во јавниот сектор, дигитализација на услугите и предизвиците во обезбедување на сајбер безбедност.

Посетата се одвиваше во рамките на проектот „Носење промени - добро управување и ефективност во јавната администрација“, поддржан од Британската амбасада во Скопје, имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација.

Галерија на новоста

Работна посета на Агенцијата за информатички системи на Естонија

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk