Петта регионална јавна дебата во Битола

Дата: 06.11.2018

Во тек е петтата регионална јавна дебата во Битола дел од проектот Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите за добро управување. Се дебатира за резултатите од следењето на работата на општините во пелагонискиот регион, но и резултатите добиени на ниво на целата држава (на сите 81 општина во Македонија). Особен фокус е ставен на еден од СИГМА стандардите за управување со човечки ресурси. Организациите - грантисти од овој регион : Здружение Глобал Битола и Центар за граѓанска иницијатива Прилеп ги презентираат резултатите кои се однесуваат на општините кои ги следеле во изминатите 12 месеци.

Проектот е поддржан од Европската Унија има специфична цел да ги поддржи реформите во јавната администрација.

Го реализираат Центарот за управување со промени, МЦА 2000, СКУП Македонија.

 

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk