Учество на WeBER регионалната конференција за реформи во јавната администрација во Белград

Дата: 26.09.2018

Тим на Центарот за управување со промени зеде учество на WeBER регионалната конференција за реформи во јавната администрација, која се одржа на 25-ти и 26-ти септември, 2018 година, во Белград.

WeBER регионалната конференција имаше за цел да биде презентиран регионалниот извештај за реформи во јавната администрација и да се отвори дискусија за резултатите од истите, и воопшто за областите кои ги обработува.

WeBER е иницијатива на 6 граѓански организации од регионот, со цел следење на реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан, и обезбедување препораки за подобрување на насоките во реформите.

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk