Работна средба за финализирање на Функционалната анализа на МТСП

Дата: 02.06.2018

Вчера и денес се одржува работна средба за финализирање на Функционалната анализа на Министерството за труд и социјална политика.

Средбата е организирана од страна на Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот “Поддршка на процесот на реформи во јавната администрација“

Проектот “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација” се стреми да ги зајакне принципите на добро владеење во јавната администрација. Проектот се стреми да придонесе кон враќање на довербата во институциите преку зајакнување на транспарентноста и отчетноста на институциите и воведување на систем за отворени податоци; подобрување на процесите на стратешко планирање и следење на политиките на Владата, а со тоа унапредување на ефективноста и ефикасноста на политиките; засилување на принципите на управување со човечкиот капитал во администрацијата врз принципите на заслуги и обезбедување на инклузивност и предвидливост на легислативата. 

Галерија на новоста

Работна средба за финализирање на Функционалната анализа на МТСП

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk