ЦУП и МИОА со нова обука за ПВР

Дата: 16.04.2018

Центарот за управување со промени и Министерството за информатичко општество и администрација денеска и утре (16 и 17 април), во хотелот Бест Вестерн, спроведуваат обука за проценка на влијанието на регулативата.

Предавачи на дводневната обука се Магдалена Шалдева и Ристе Јуруковски а ја следат лица кои директно или индиректно работат на ПВР во министерствата на владата на РМ.

Целите на оваа обука се да биде постигнато заедничко разбирање за важноста на проценката на влијанието на регулативата во процесот на подготвување на подобро законодавство, запознавање со концептот и начинот на спроведување на ПВР и подготвување на извештајот за ПВР, запознавање со новиот ПВР извештај и воведно запознавање со клучните техники за изработка на ПВР.

Оваа дводневна обука се реализира во рамки на проектот “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација”.

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk