Претставување на платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите

Дата: 18.10.2017

Денеска (Среда) 18-ти Октомври, Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права ќе ја претстават Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите.

Настанот ќе се одржи во Хотелот Оаза, со почеток од 14.30 часот.

Ќе бидат презентирани дел од активностите поддржани од проектот “Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”, кои резултираа со повеќе истражувачки стории поврзани со овие области.

Истовремено, ќе биде претставена и интернет страницата http://istrazifakti.org.mk/ , на која се објавени истражувачките стории направени во текот на проектот , како поддршка на Платформата и нејзините активности.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk