Каталог на услуги | ЦУП

Каталог на услуги

Организациски вештини

Сподели
Филтер

Поставен филтер (Вкупно резултати: 11)

Категорија: Организациски вештини
Отстрани го филтерот
Организациски вештини

Имплементација на Шест Сигма стандардот

Програмата претставува основна обука за придобивките од имплементација на Шест сигма стандардот. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.

Целта на програмата Стекнување на потребното знаење за дизајнирање и примена на статистичката техника Шест Сигма. Утврдување на кои и какви податоци се потребни за воспоставување на статистичката техника Шест Сигма. Добивање сознанија за потребната документација за воведување на успешна Шест Сигма.

Организациски вештини

Имплементација на Стратешко управување со ризици

Програмата претставува основна обука за придобивките од Стратешкото управување со ризиците и мерки за надминување на овие ризици. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.

Целта на програмата Подобрување на знаењето за стратешко управување со ризиците и извори на ризици. Мерливост, методи и принципи на управување со ризици. Утврдување на мерки за ублажување на ризиците, преглед, имплементација и евалуација на плановите за управување со ризиците.

Организациски вештини

Aнализа на микро и макро окружување погодно за граѓанскиот сектор

Програмата е наменета за потребите на граѓанските организации со цел истите да се здобијат со потребното знаење и алатки кои ќе им послужат на најефикасен можен начин да ги приберат потребните податоци, да направат нивна селекција и врз основа на нив и соодветна анализа за проценка на микро и макро окружувањето во земјата во која што истите функционираат. Микро-окружувањето како анализа на внатрешните фактори и макро окружувањето со надворешните фактори кои ги опкружуваат, создава клима соодветна за правилно функционирање на ГО кои доколку ја познаваат ќе умеат правилно да ги насочат своите ресурси. Целта на обуката е да се унапредат и прошират знаењата и вештините на лицата кои се наоѓаат во управните одбори на граѓанските организации со цел истите да можат да направат проценка на климата во земјата во насока на правилно користење и насочување на ресурсите со кои тие располагаат. Анализата истите ја прават со поддршка на останатите сектори во рамки на нивната организација кои треба да бидат обучени да им ги обезбедат потребните податоци кои ќе бидат веродостојни и точни и на кои истите ќе можат да се потпрат со цел да донесат одлуки кои ќе водат кон раст и развој на организацијата.

Организациски вештини

Имплементација на стратешко планирање

Програмата претставува основна обука за придобивките од Стратешкото планирање и начини на донесување на стратешки одлуки. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.

Целта на програмата e подобрување на знаењето за стратешко управување и успешно спроведување на стратешките цели, воведување на принципите на стратешко планирање и реорганизација на деловните процеси, имплементирање на модел за ефикасно пристапување кон спроведување на стратегијата

Организациски вештини

Имплементација на клучни индикатори на перформанси

Програмата претставува основна обука за придобивките и методите на имплементација на клучните индикатори на перформанси. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.

Целта на програмата е воведување на перформансите и ефективноста на процесите во организацијата, утврдување на степенот до кој се исполнети планираните барања и потреби на корисниците на процесите, утврдување методи на одржување, следење и преиспитување на клучните индикатор перформанси.

Организациски вештини

Даноци кои ги плаќаат ГО самостојно и преку користење на системот на Е-ПДД

Обуката е наменета за граѓанските организации кои се основаат и работат според посебен Закон за здруженија и фондации и како непрофитна форма на организации настапуваат во правниот промет. Иако истите се непрофитни организации сепак истите подложат на оданочување на приходите кои ги исплатуваат со одредена категорија на даноци. Целта на обуката е да претставува водич за правилно и одговорно финансиско работење пред надлежните институции особено пред УЈП која е одговорна за контрола на исплата на даноците од страна на правните и физичките лица во РСМ. Обуката е наменета да им го зголеми знаењето на лицата кои работат финансии во ГО како и на сите сметководствени бироа кои се задолжени за изработка на финансиските извештаи на ГО како и за контрола на финансиското работење на истите.

Организациски вештини

Алатки за застапување (сет на алатки - outreach toolkit) базирано на докази

Обуката има за цел да ја подигне свеста за важноста на истражувањата, податоците и доказите за аргументирана дискусија и застапување пред носителите на одлуки. Обуката е пред се наменета за истражувачи од академскиот и граѓанскиот сектор, кои собираат податоци, анализираат, имаат структурирани наоди и заклучоци, а им недостасува последната алка на застапување на аргументите пред институциите.

Оваа програма е структурирана врз основа на Сетот на алатки за застапување подготвен од ЦУП, кои се насочени на застапување пред извршните и законодавните органи, како и пред партиите кои претендираат да учествуваат во работата на овие институции. Алатките се практично применливи за повеќето јавни политики.

Организациски вештини

Раководење со човечки ресурси (РЧР)

Најдрагоцениот ресурс во една организација/институција се луѓето. Поаѓајки од оваа, начинот на кој се раковди човечкиот потенцијал е е основно прашање од кое зависи ефикасноста и ефективноста на компанијата.

Целта на обуката за раководење со човечки ресурси е да овозможи стекнување на знаења за системот, процесите и алатките за управување со луѓе. Обуката истовремено ќе овозможи зајакнување на интерперсоналните вештини за ефективно управување со човечките ресурси и ќе обезбеди алатки за обезбедување, развој, активирање и одржување на човечките ресурси во вашата организација/институција/компанија.

Организациски вештини

Вештини за раководење и управување

Успехот на една организација/институција/компанија  е директно поврзан со способноста на нејзините менаџери да го поттикнат најдоброто во секој вработен, да извлечат максимум од тимот како целина, навреме да ги согледаат заканите во опкружувањето и да применат соодветни пристапи за организациско прилагодување и промени.

Целта на програмата е да го зголеми разбирањето на учесниците за улогата на раководителот и неговите вештини, да ја подобри способноста на раководителите за мотивирање и развој на членовите на тимот, да ја подобри нивната самосвесност, самодоверба и менаџмент вештини и да ги оспособи да користат менаџмент алатки и техники за донесување одлуки и градење на ефективен тим.

Организациски вештини

Финансиско управување на граѓански организации

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за тоа како подобро да ги управуваат финансиите во своите ГО и да обезбедат поголема транспарентност во користење на средствата на донаторите и сопствените средства.

Организациски вештини

Развој на бизнис план

Програмата претставува основна обука за развој на бизнис планови за микро, мали и средни претпријатија

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за основите на бизнис планирањето и како да го применат при започнување на сопствен бизнис или подобрување и зајакнување на постоечкиот бизнис.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk