За нас

Здружението за развој, Центар за управување со промени (ЦУП) е непрофитна, невладина организација која промовира разбирање и ненасилни промени во општеството.

Организацијата се фокусира на меки мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати.
Организацијата верува дека зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро - интеграцијата и инвестирањето во луѓето се главни агенти за промена во општеството.

Нашите цели и задачи се:

Центарот за управување со промени (ЦУП) имплементира проекти кои имаат за цел да придонесат за развој на нашето општество и регионот. Имаме неколку години работно искуство со различни државни институции во Македонија и широка соработка со граѓанскиот и бизнис секторот дома и во странство.

Поддржуваме демократија и отворени идеи во различни сектори во општеството. Ги базираме нашите проекти на методот планирај, реализирај, провери и делувај.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk